Марканен ќе отсуствува неколку недели

Кошаркарот на Јута Џез, Лаури Марканен, се соочува со здравствени проблеми и ќе мора да паузира извесен период.
Тој има воспаление на колкот и за две недели ќе треба да оди на ново снимање. Џез загубија тројца играчи во последниве две недели: поентерот, Џарен Џексон Џуниор (повреда на колено), центарот Јусуф Нуркиќ (повреда на нос) и бекот Винс Вилијамс (повреда на колено).
Јута засега има лош ефект во НБА лигата и се наоѓа на 13-то место во Западната конференција без шанси да оди во разигрувањето.