„Марка“: Реал постигна договор со Алаба
Шпанскиот гигант Реал Мадрид не само што не се откажа од идејата да го привлече австрискиот дефанзивец на Баерн, Давид Алаба, туку дури има и прелиминарен договор со него, тврди весникот „Марка“.
Според изданието, централниот дефанзивец, кој е роден на 24 јуни 1992 година, ќе се приклучи на Реал Мадрид ова лето, кога истекува неговиот договор со Баварците. Алаба се согласи на 4-годишен договор, а неговата плата треба да биде 11 милиони евра по сезона. Тој е слободен да преговара со други клубови од 1 јануари, што го принуди Реал Мадрид да побрза да обезбеди согласност од еден од најдобрите европски дефанзивци без да плати за трансфер.
Според „Марка“, Алаба има поминато дури и медицински тестови. Фудбалерот го бараа клубови како Манчестер Сити, ПСЖ, Ливерпул и Челзи, но на крајот се одлучил да ја продолжи кариерата во еден од најреномираните тимови во светот. Баерн исто така сакаше да го задржи Австриецот, нудејќи му три опции за нов договор, но на крајот не ја смени одлуката за заминување.