Маркета Вондрушова пред суспензија заради допинг

Чешката тенисерка Маркета Вондрушова, шампионка на Вимблдон во 2023 година, се соочува со суспензија до четири години откако беше обвинета за кршење на антидопинг правилата со одбивање да се подложи на тестирање.
инцидент се случил во декември за време на ненајавен тест надвор од натпреварувањето. Вондрушова тврди дека непознато лице заѕвонило на нејзината врата по 20 часот, одбило да се идентификува и побарало итен примерок од урина.
„Кога некој ќе ви заѕвони на врата доцна навечер без јасно да се идентификува и да ја следи постапката, реагирате како личност која е исплашена. Во тој момент, стануваше збор за чувство на безбедност, а не за избегнување на нешто“, рече Вондруш.
Во тој момент, таа одбила да го пушти внатре, опишувајќи ја ситуацијата како сериозно нарушување на приватноста.