Маркињос започна со тренинзи по тешката повреда во февруари

Капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос, продолжи со
вообичаените тренинзи. Тој заедно со соиграчите учествуваше на
тренингот на парижаните во текот на вчерашниот ден, информираше
„Л’Екип“.
Репрезентативецот на Бразил е надвор од терените од 17 февруари
кога заработи повреда на Ахиловата тетива во победата од 2-0 над
Нант.
Ова е одлична вест за тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, кој ќе може да
смета на искусниот централен бек за претстојниот четвртфинален
дуел од Лигата на шампионите против Барселона во април.
Шпанскиот тренер на ПСЖ реши да им даде два дена одмор на сите
интернационалци од тимот кои играа за своите решрезентации во
текот на неделата. Така ПСЖ првиот тренинг со полн состав ќе го има
дури во петок попладне. Францускиот шампион во недела гостува кај
Олимпик Марсеј во дербито на француската Лига 1.