Маркињос повреден се врати од Рио, го чека пауза од неколку недели

Капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос има повреда на тетивата,
потврди тој по натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина.
Ова е причината поради која дефанзивецот беше заменет на паузата.
По средбата самиот фудбалер призна дека е под сериозен знак
прашалник за претстојниот натпревар против Монако во петок
навечер.
„Ќе биде тешко да играм против Монако. Се надевам дека ќе се
вратам што е можно побрзо“, изјави самиот тој по средбата за
„Л‘Екип“.
Надежите на тренерскиот тим на ПСЖ е дека повредата на играчот
нема да биде сериозна и тој ќе биде во ред за дуелот со Њукасл во
вторник навечер. Се очекува Данило Переира ќе го заземе местото на
Маркињос додека тој е отсутен од екипата.