Марковски го одржа првиот тренинг со Металург

На вчерашниот тренинг на Металург на ракометарите им беа претставени новиот тренер Иван Марковски и новиот кондиционен тренер Златко Јанакиевски.
Марковски смета дека моменталниот пласман на екипата не одговара на квалитетот што го поседува тимот и дека ќе стори се за да го поправи впечатокот што Металург го остави со своите досегашни настапи. Првиот тест, Металург под водство на Марковски, ќе го има веќе в сабота, кога во Автокоманда ќе гостува екипата на Еурофарм Пелистер 2, во рамките на третото коло на македонската Суперлига. Марковски како ракометар, покрај Металург, настапуваше и за екипите на Пелистер, Вардар, Метковиќ Јамбо, Загреб, италијанскиот Џенерали Трст, саудискиот Ал Шабаш и Арагон од Шпанија. Како тренер, заедно со Александар Зарков, тој почна со проектот Работник во Македонија, а потоа успешно го водеше францускиот женски тим Ле Самбр Авенуа.