Марко Бојковиќ со нокаут во Скопје го освои појасот на ФНЦ 34

Марко Бојковиќ со спектакуларен нокаут во првата рунда го совлада Лом-Али Ескиев и стана нов шампион на ФНЦ во лесна категорија.

Српскиот ММА борец ја заврши борбата во „Т Арена“ во Скопје за само 48 секунди, со што дојде до 11. победа во професионалната кариера.

Бојковиќ го погоди противник со десен кроше удар и го испрати на подот, а потоа со уште еден удар само ја заврши работата.

Судијата веднаш ја прекина борбата, со што Бојковиќ ја потврди својата доминација и го освои шампионскиот појас на ФНЦ.