Марко Верати пред трансфер во шампионатот на Катар
Чудни работи се случуваат во последно време кога се во прашање трансферите на едни од најдобрите играчи во светот.
Така отидоа во Саудиска Арабија, прво Кристијано Роналдо, а потоа и некои од најголемите фудбалски имиња во моментов како Бензема, Мане и Нејмар.
Од друга страна, и Меси замина далеку од Европа, но одлучи да го продолжи фудбалскиот пат во МЛС.
Уште една ѕвезда го напушта европскиот фудбал, но играчката кариера ќе ја продолжи во Катар, поточно во Ал Араби. Станува збор за Марко Верати за кој се тврдеше дека има договор со Ал Хилал, но чекаше понуда од Европа.
Верати наводно сакал да остане во Европа, но вистинската понуда не стигнала. Прашањето е секако што значи за него вистинската понуда.