Марко Отолини нов спортски директор на Јуве

Досегашниот спортски директор на Џенова, Марко Отолини, е на пат да ја преземе истата позиција во Јувентус, информираат италијанските медиуми.

Преговорите се водеа неколку недели бидејќи Отолини имаше неколку понуди, вклучувајќи и од странски клубови.

Сепак, на крајот двете страни се согласија усно и сега се очекува Отолини да стане спортски директор на „Старата дама“.

Тој веќе има претходно искуство со работа во Јувентус, од 2018 до 2022 година. Зачекори како скаут, а потоа беше одговорен за играчите кои се на позајмица. Во јули 2022 година стана спортски директор на Џенова, а на оваа функција остана до крајот на октомври годинава.