Марко Ројс надвор од терените три до четири недели

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Марко Ројс ќе отсуствува од фудбалските терени три до четири недели, соопштува спортскиот директор на клубот, Себастијан Кел.

Капитенот на екипата од Дортмунд доживеа повреда на дерби натпреварот против Шалке и беше заменет во 32.минута. Борусија славеше на дуелот со 1:0.

Борусија Дортмунд го зазема второто место од табелата во Бундеслигата со 15 бода.