Марко Ројс: Сакам да ја завршам кариерата во Дортмунд
Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс за Скај Спорт изјави дека не планира да го напушти клубот.
„Се чувствувам исклучително добро овде и не гледам причина да ја променам средината. Би сакал да ја завршам кариерата во Дортмунд“, изјави 32-годишниот Германец.
Ројс потврдува и дека не размислува да ја заврши кариерата во 2023 година. Фудбалерот настапува за првиот тим на Борусија од 2012 година.
Клубот од Дортмунд е на второто место во поредокот во Бундеслигата со 60 бодови, девет помалку од лидерот Баерн Минхен.