Марко Ројс ќе го советува Халанд да остане во Дортмунд

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс изјави дека ќе го советува Ерлинг Халанд да остане во клубот и по завршетокот на сезоната.

Ројс во изјава за весникот Билд кажа дека доколку го прашаат би му рекол на Халанд: „Остани со нас, овде имаш се за да се развиваш понатаму. Тој може да игра во Лигата на шампионите, да постигнува голови и да се чувствува ценет. Но на крајот, тој треба да одлучи што е најдобро за него. Ќе биде штета ако замине, но животот ќе продолжи и ние како тим ќе најдеме решение “.

Норвешкиот напаѓач има договор со Дортмунд до 2024 година, но се верува дека на лето ќе биде активирана неговата клаузула од 75 милиони евра со која ќе може да направи трансфер во некој европски фудбалски гигант.