Маркус Турам преговара со Баерн Минхен
Баерн Минхен се вклучи во трката за францускиот репрезентативец и
напаѓач на Борусија Мехенгладбах, Маркус Турам. Турам оваа сезона
игра одлично, веќе има 10 гола во Бундеслигата, а Баварците
внимателно ја следат неговата ситуација.
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а Турам истакна
дека сака да се пресели во клуб кој редовно игра во Лигата на
шампиони.
Баерн сака да го донесе на лето без обештетување бидејќи е во
потрага по квалитетен напаѓач, но ќе мора да ја победи
конкуренцијата бидејќи за Турам интерес покажува и Интер.