Мармуш заминува од Сити, на негова адреса стигнаа три понуди

Омар Мармуш може да го напушти Манчестер Сити во текот на летото доколку пристигне понуда за трансфер, најавија дел од медиумите во Англија.
Египетскиот фудбалер во 2025 година си замина од Ајнтрахт Франкфурт за помалку од 60 милиони евра и се пресели на „Етихад“. Тој во првата сезона влегуваше главно од клупата за резерви и одигра само 21 натпревар со ефект од три гола и три асистенции.
Според непотврдени информации за неговиот потпис се заинтересирани: Тотенхем, Астон Вила и Атлетико Мадрид.