Мароканецот Амрабат на чекор до потпис со Јувентус
Јувентус е блиску до ангажман од мароканскиот фудбалер од редовите на Фиорентина, Софијан Амрабат.
Амрабат вниманието на себе посебно го сврте со настапот на Светското првенство минатата година, беше блиску до Барселона во јануарскиот преоден рок, но тој трансфер пропадна. Подоцна како да се „олади“ интересот за него, па се уште е во Фиорентина, а се поврзуваше и со Ливерпул, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед…
Сега, Јувентус сака да го доведе и во него гледа одлично засилување во средниот ред каде што „старата дама“ мора да се засили до крајот на преодниот рок.