Мароканецот Зијеч експресно заминува од Лондон, Серија А негов нов дом

Хаким Зијеч ова лето пристигна во Челзи како големо засилување од Ајакс, но не се снајде во Премиер лигата. Зијеч до сега не успеа да го покаже својот квалитет, а новиот тренер Томас Тухел не смета сериозно на него. Таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти Милан и Јувентус и на лето да го донесат во Серија А. 27-годишниот плејмејкер е голема желба на италијанските гиганти и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.