Мароканецот Зијеч се сели од Челзи во Серија А
Хаким Зијеч ова лето пристигна во Челзи како големо засилување од Ајакс, но не се снајде во Премиер лигата.
Зијеч до сега не успеа да го покаже својот квалитет, а новиот тренер Томас Тухел не смета сериозно на него. Таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти Милан и Наполи и на лето да го донесат во Серија А.
27-годишниот плејмејкер е голема желба на италијанските гиганти и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Милан во него гледа идеална замена за Чалханоглу, додека Спалети е голем симпатизер на неговите квалитети.
