Мароко ја надигра Канада и се пласира во мундијалското четвртфинале

Еден од организаторите на Светското првенство ги спакува куферите. Репрезентацијата на Канада доживеа убедлив пораз од 0-3 во осминафиналната пресметка, промовирајќи го Мароко во прва селекција што обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во светот.

Мароканците одиграа натпревар со две целосно спротивни полувремиња. Во првите 45 минути африканскиот состав беше во подредена улога, додека Канаѓаните беа далеку поагилни и поопасни на теренот, но сликата комплетно се промени по паузата.

Само што започна вториот дел, поточно во 50. минута, Хакими испрати одлично додавање, а Унахи го отвори резултатот носејќи предност за Мароко од 1-0.

По примениот гол, Канада ги фрли сите карти на напад во обид да израмни, што му остави отворен простор на Мароко преку брзи противнапади целосно да го скрши отпорот на ривалот.

Токму една таква контра во 82. минута се покажа како клучна, кога Унахи одново беше прецизен и зголеми на 2-0, но тоа не беше сè на овој натпревар.

Во самиот финиш, пред последниот свиреж на судијата, Мароко зададе уште еден удар преку Рахими, кој ги постави конечните 3-0.

Во битката за полуфинале, Мароко ќе ги одмери силите со подобриот од пресметката помеѓу Франција и Парагвај.