Марсело Брозовиќ го продолжи престојот во Интер

Хрватот Марсело Брозовиќ потпиша нов договор со италијанскиот Интер. 29-годишниот Брозовиќ ќе остане во клубот до 30 јуни 2026 година, и годишно ќе заработува околу 6 милиони евра. Договорот меѓу двете страни беше постигнат кон крајот на февруари и се чекаше само официјална потврда на истиот.
Екипата на Интер се наоѓа на третото место во италијанскиот шампионат со 60 бодови, а лидер е Милан со совоени 66 бода.