Марсело Гаљардо ќе биде нов селектор на Уругвај?

Водечките луѓе на Уругвајскиот фудбалски сојуз започнаа преговори со актуелниот тренер на Ривер Плата, Марсело Гаљардо, околу можноста за негово водење на репрезентацијата на Уругвај.
45-годишниот Аргентинец е избран како можен наследник на легендарниот Оскар Табарес кој неодамна беше разрешен од селекторското место.
Табарес беше селектор на Уругвај повеќе од 15 години и под негово водство тимот играше полуфинале на Светското првенство во 2010 година, а во 2011 година беше победник на Копа Америка.
Неговиот потенцијален наследник, Марсело Гаљардо е поранешен фудбалер и актуелен тренер на Ривер Плата со кого пред неколку дена стана шампион на Аргентина. Неговиот договор со Ривер Плата истекува во 2022 година.