Марсело е нов играч на Флуминенсе

Бразилскиот фудбалер Марсело во иднина ќе настапува за фудбалскиот клуб Флуминенсе. Во соопштението од клубот се наведува дека 34-годишниот Марсело потпишал договор до 2024.година, со можност за продолжување на договорот до 2025.година.

Бразилскиот фудбалер минатата недела го раскина договорот со грчки Олимпијакос, каде пристигна во септември од Реал Мадрид.

На овај начин Марсело го оствари својот сон да се врати во клубот каде започна со играњето фудбал и од каде на 18 годишна возраст замина за реал Мадрид.