Марсијал на радарот на Јувентус за засилување на нападот

Јувентус повторно се насочува кон Антони Марсијал и сака да го доведе во зимскиот преоден рок.
„Бјанконерите“ сакаат да го засилат нападот во зимскиот преоден рок, а Марсијал е на врвот на листата желби на тренерот Алегри. Со оглед на фактот дека Душан Влаховиќ е премногу скап за „старата дама“ сега ќе се насочат кон Марсијал.
Французинот не добива голема минутажа на „Олд Трафорд“ и сака да ја промени средината, а покрај Јувентус за него интерес покажуваат уште Тотенхем и Евертон.