Марсијал сака да го напушти Манчестер Јунајтед

Скај Спорт пренесува дека Антони Марсијал изразил желба да го напушти Манчестер Јунајтед во јануари.

Фудбалерот од Франција не е задоволен од минутажата која ја добива оваа сезона и ќе бара клуб каде би бил стандарден првотимец. Неговиот менаџер Филип Ламболеј ја потврдува неговата желба:

„Антони сака да си замине од клубот во јануари. Тој сака да настапува и затоа ќе бара промена на средината. Наскоро ќе започнам разговори со представниците на Јунајтед“.

Марсијал оваа сезона од Премиер лигата само на два пати беше стартер во екипата, додека на пет натпревари во игра влезе од клупата за резервни играчи.

Актуелниот договор со клубот од „Олд Трафорд“ му истекува за 3 години.