Марта Костјук го освои Мастерсот во Мадрид

Украинската тенисерка Марта Костјук ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид. Во финалето славеше над Русинката Мира Андреева со 6-3, 7-5.
Костјук, моментално 23-та тенисерка во светот, славеше против осмата на ВТА листата по еден час и 22 минути игра и со тоа стигна до најголемата титула во нејзината кариера, првата во серијата од 1.000.
Ова е трет трофеј за Украинката во нејзината кариера, прв над нивото 250.
Украинката го направи решавачкиот брејк во првиот сет во шестиот гем, а потоа во деветтиот, прво спаси две брејк топки, а потоа ја искористи втората сет-топка.
За разлика од првиот, вториот сет беше обележан со брејкови, имаше вкупно пет, еден повеќе направи украинската тенисерка.
Двете тенисерки, чии земји се во војна од 2022 година, не се ракуваа по натпреварот, ниту пак позираа заедно на церемонијата на доделување награди.
„До минатата година, имав резултат 2/7 во Мадрид и никогаш не помислив дека ќе го кренам пехарот тука. Ова не беше мојот омилен турнир“, рече Костјук.
Својот победнички говор го заврши со зборовите: „Слава на Бога и слава на Украина“.