Мартинез, Боно и Куртоа финалисти за наградата најдобар голман според ФИФА

Меѓународната фудбалска федерација- ФИФА, соопшти дека Аргентинецот Емилијано Мартинез, Мароканецот Јасин Боно и Белгиецот Тибо Куртоа се финалисти за наградата најдобар голман во 2022.година.

Мартинез е освојувач на титулата од СП во Аргентина и беше прогласен за најдобар голман на турнирот.

Боно беше предводник на мароканската репрезентација која на Мундијалот во Катар го направи најголемото изненадување и стана првата афричка репрезентација која стигнала до полуфинале на Светско првенство.

Тибо Куртоа заедно со Реал Мадрид минатата година по 14-ти пат ја освои титулата во Лигата на шампионите, и може да се каже дека голманот беше еден од најзаслужните поединци за освојувањето на трофејот.

Церемонијата за доделување на ФИФА наградата ќе се одржува на 27.февруари во Париз.