Мартинез има три понуди за продолжување на кариерата

Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, најави дека има големи шанси да го напушти тимот на крајот на сезоната.

Светскиот шампион по победата против Тотенхем се појави на стадионот – „Вила Парк“ за да се поздрави со навивачите. Тој во 2020 го напушти Арсенал и се пресели во составот од Бирмингем.

Според аргентинскиот телевизиски канал „DSports“, Маринес добил понуди од Манчестер Јунајтед и Барселона. Згора на тоа има и примамлива понуда од Саудиска Арабија.