Марчињак ќе го суди финалето на Лигата на шампионите во Истанбул

УЕФА ги објави судиите за финалето на европскиот клупски турнир оваа сезона. Полскиот судија Шимон Марчињак се очекува да го суди финалето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Интер на 10 јуни. Полјаци ќе бидат помошници на судијата, како и одговорни за ВАР, а четврти судија ќе биде Иштван Ковач од Романија.
Ова е уште едно големо признание за судијата Марчињак, кој го водеше и финалето на СП 2022 помеѓу Аргентина и Франција (3:3), а пред неколку дена беше главен судија на реваншот од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид (4:0).
Англичанецот Ентони Тејлор ќе го суди финалето на Лига Европа меѓу Севиља и Рома на 31 мај, а судискиот тим е целосно од Островот. Шпанецот Карлос Дел Серо Гранде и неговите помошници од Шпанија ќе го преземат финалето на Конференциската лига меѓу Фиорентина и Вест Хем на 7 јуни.