Масар Омерагиќ именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, е именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА.

Комитетот, кој работи под покровителство на Советот на ФИФА, има задача да го унапредува и координира развојот на фудбалот во рамки на Олимписките игри и да соработува со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со фудбалот на Олимпијадата.

Со Комитетот претседава Самир Шауд (Бразил), додека Мустафа Раџи (Либерија) е заменик-претседател. Меѓу членовите се претставници од различни континенти, меѓу кои Кохзо Ташима (Јапонија) како делегат на Советот на ФИФА, Чармејн Крукс (Канада), Хрисостомос Гкагкатсис (Грција), Шеик Ахмад Јусеф Ал Сабах (Кувајт), Бранко Радујко (Србија), Хелга Хелгадотир (Исланд) и други истакнати фудбалски функционери.

Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Леонид Јандреоски, е именуван за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА.

Комисијата има за цел да ги развива и унапредува стратешките насоки на светската фудбалска федерација во областа на медиумите, дигиталната комуникација и односите со јавноста. Со Комисијата претседава Јасин Идрис Диало (Брег на Слоновата Коска), а Армен Меликбекјан (Ерменија) е заменик-претседател.

Меѓу членовите на Комисијата се и Фатма Ал Нуими (Катар), Ајишат Фалоде (Нигерија), Ноел Муни (Велс), Хелена Пиреш (Португалија), Аманда Вандерворд (САД), Тони Ванг (Тајван).

Именувањето на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и првиот оперативец во „Куќа на фудбалот“, Леонид Јандреоски претставува признание за македонскиот фудбал и за Фудбалската федерација на Македонија, потврдувајќи го у