Масатора Кавано собори историски рекорд во брзо одење

Јапонецот Масатора Кавано го постави првиот светски рекорд во маратонско одење на Ол-Јапонскиот турнир во Такахата.
Дваесет и осумгодишниот Кавано ја заврши класичната дистанца од 42,195 км за 2 часа, 55 минути и 14 секунди. Ова е за 1 минута и 16 секунди побрзо од стандардот на Светската атлетика од 2:56,30.
Кавано е освојувач на сребрен (2022) и бронзен (2023) медал на Светското првенство во одење од 35 км.
Австралијката Ребека Хендерсон, исто така, го собори светскиот рекорд во женска конкуренција на оваа трка, со време од 3:14,52.