Маскерано: Ова е најголемиот циркуз во мојот живот

Инвазија од навивачи, прекин до два часа, поништен гол и победа на Мароко против Аргентина од 2:1 се дел од хаотичното отворање на олимпискиот фудбалски турнир во Париз.
Аргентина од клупата ја предводеше Хавиер Маскерано, поранешен играч на Барселона, Ливерпул и Вест Хем, како и на аргентинската репрезентација.
„Тоа беше најголемиот циркус што некогаш сум го доживеал. Тоа што се случи на теренот беше скандал. Тоа не е градски турнир, тоа се Олимписки игри. Играта беше прекината седум пати, треба да донесете одлука кога ќе се случи третиот прекин. Ни кажаа дека „Натпреварот е прекинат од безбедносни причини. Поминавме повеќе од час и половина во соблекувалната и никој не ни кажа што ќе се случи“, изјави Маскерано по натпреварот.