Маскерано со оптимизам се претстави во Мајами
Легендарниот фудбалер на Аргентина, Хавиер Маскерано, верува дека ќе биде добар тренер на екипата на Интер Мајами за која настапува неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата, Лео Меси.
40-годишниот стратег кој ја заврши кариерата пред четири години, има работено само во младинските тимови на Аргентина. Тој никогаш не раководел со професионален клуб.
„Убеден сум дека можам да го направам тоа. Свесен сум дека ќе треба да се соочиме со многу моќни тимови“, рече Маскерано алудирајќи на Светското клупско првенство.