Мастантуоно: Голот за Реал е исполнување на сонот

Франко Мастантуоно го постигна својот прв гол за Реал Мадрид во синочќешната победа од 4-1 над Леванте. Големиот талент по мечот изјави дека е пресреќен.

„Тоа е задоволство, сон што стана реалност. Тоа е посебно чувство и неверојатен момент. Долго време ја чекав оваа вечер и за среќа успеав да го направам тоа. И тимот постигна навистина добар резултат, па затоа е многу позитивно. Навистина сум среќен“, изјави Франко.

Реал Мадрид досега ги доби сите шест натпревари од почетокот на сезоната и е на врвот на табелата во Ла Лига.