Мата потпиша за јапонски Висел Кобе
Хуан Мата реши да ја напушти Европа. Но не замина како многумина во Саудиска Арабија или Катар.
Мата се пресели во Јапонија, поточно во Висел Кобe како слободен играч откако го напушти Галатасарај на 1 јули. Минатата сезона ја освои титулата со турскиот клуб, но не одигра голема минутажа.
За Мата е познато дека помина низ младинските школи на Овиедо и Реал Мадрид. Потоа играше за Челзи, Валенсија и Манчестер Јунајтед и освои бројни трофеи.
За шпанската репрезентација одигра 41 натпревар, постигна 10 гола и го освои Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2012 година.