Матеус го искритикува Баерн за пристапот пред дуелот со Мајнц 05

Екипата на Баерн беше критикувана во Германија откако по поразот од Мајнц во Бундеслигата, фудбалерите заминаа на два дена на така наречен тим-билдинг на шпанскиот остров Ибица.

Баварците ја обезбедија десеттата последователна титула во шампионатот а патувањето имаше за цел да го „обедини тимот“, изјави спортскиот директор на клубот Хасан Салихамиџиќ.

Тоа не му се допадна на светскиот шампион од 1990 година, Лотар Матеус.  

„Тоа не требаше да се дозволи, особено по таков натпревар“, беа дел од зборовите на Матеус.