Матеус има совет до Тухел како Баерн да излезе од кризата

Лотар Матеус вели дека кризата во која е влезен Баерн Минхен може да се реши доколку играчите што беа купени како засилувања во претходното лето добијат поголема минутажа.  

„Кога имате проблем во нападот а тоа е очигледно, зошто да не го пуштите младото момче да игра. Мислам на Тел, тој ги поседува сите квалитети кои треба да ги има еден напаѓач. Матијс Тел и Рајан Гравенберх треба да добиват многу повеќе шанси“, вели Матеус.

Баварците по доаѓањето на Тухел беа елиминирани од Купот на Германија и Лигата на шампионите а по поразот од Мајн го загубија и челното место на табелата во Бундес-лигата.