Матеус: Оваа Германија личи на европски шампион
Поранешниот германски репрезентативец Лотар Матеус по победата
на германската репрезентација над Франција со 2-0, ја пофали
работата на селекторот Јулијан Нагелсман и даде оптимистички
прогнози за настапот на претстојното Европско првенство.
„Тимот е на добар пат со комбинацијата на млади, искусни, брзи и
паметни играчи. Квалитетот е висок и играчите имаат се што им е
потребно за да станат европски шампиони. Но, ова беше само
почеток. Најважно е што Нагелсман ги претвора овие играчи во
кохезивна единица која не само што добро удира, туку и се држи
заедно“, изјави Матеус.