Матеус: Тухел ќе издржи на клупата на Баерн до јуни

Поранешниот фудбалер за врска на германската репрезентација и на
Баерн Минхен, Лотар Матеус, ги оцени шансите на Томас Тухел да ја
заврши сезоната на кормилото на Баварците.
„На натпреварот против Лајпциг, тимот работеше барем во фази и по
долго време видов состав што можам да го разберам. По тој дуел,
верувам дека Тухел веројатно ќе издржи до крајот на сезоната во
однос на резултатот и ефикасноста“, изјави Матаус цитиран од Скај
Спорт Германија.