Матија Перин ќе го брани голот на Палермо

Досегашниот голман на Јувентус, Матија Перин ќе брани во тимот на Палермо, кој се натпреварува во Серија „Б“. Откако не успеа да се наметне како долгорочно решение во тимот од Торино, 33-годишниот чувар на мрежата се реши да ја смени средината.
Перин потпиша договор со Палермо на три години, а Јуве од неговиот трансфер ќе заработи скрмни 500.000 евра.
Инаку Перин дојде во Јувентус од Џенова во 2018 година, како замена за легендарниот Џанлуџи Буфон, кој тогаш се пресели во ПСЖ. Меѓутоа никогаш не беше ниту блиску до славата на Џиџи.
Беше испратен и на позајмица во Џенова една сезона кога Буфон се реши да се врати во Торино. За репрезентацијата на Италија Перин има два настапи.
Јувентус оваа сезона ги смени голманите. Претходно го даде Микеле ди Грегорио во Борнмут, и сега Парин, додека ги ангажираше Гиљелмо Викарио од Тотенхем и Камил Грабара како негова замена од Волфсбург.