Матиќ заминува на Ноу Камп?
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, би можел да го напушти клубот од Олд трафорд.
Како што пренесува британскиот магазин Сан, Барселона изразила интерес за доведување на српскиот фудбалер. Тренерот Роналд Куман бара искусен играч кој би го засилил средниот ред во тимот, и на Матиќ се гледа како на одлично решение.
Сумата што би ја платил каталонскиот клуб не би требало да надмине 10 милиони евра и истата би била прифатлива во сегашната финансиска ситуација на Барса.
Договорот на Немања Матиќ со екипата на Манчестер Јунајтед истекува во 2023 година, но играчот не е во прв план кај тренерот Солскјер па реализацијата на овај трансфер не е исклучена.