Матиќ заминува од Манчестер Јунајтед една година пред истекот на договорот

Србинот Немања Матиќ има уште една година од актуелниот договор, но неколку островски извори ја лансираа веста дека поранешниот српски репрезентативец нема да остане на „Олд Трафорд“ по најавената реконструкција на тимот.

Раководството на англискиот великан му даде одврзани раце на веќе договорениот тренер на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, да одбере тим според негов вкус од следната сезона, а во тие планови, се чини, нема место за дефанзивниот играч за врска.

Матиќ пристигна во Јунајтед во 2017 година од Челси, на барање на тогашниот стратег Жозе Мурињо, во трансфер вреден околу 45.000.000 евра, но по заминувањето на Португалецот, 33-годишниот играч го загуби стартерскиот статус со Оле Гунар Солскјер.