Матиќ следната недела доаѓа на лекарски прегледи во Рома

Немања Матиќ на почетокот на следната недела ќе пристигне во Рим на лекарски прегледи во екипата на Рома.

Српскиот репрезентативец го напушта Манчестер Јунајтед и ќе потпише со Римјаните како слободен играч. Тој по третпат ќе се соработува со Жозе Мурињо по заедничката соработка во Челзи и Манчестер Јунајтед.

Според „Кориере дело спорт“, Матиќ со сопругата и двете ќерки со чартер од Србија ќе пристигне во Рим во понеделник или вторник. Тој ќе потпише едногодишен договор според кој ќе добие 4,2 милиони евра. Договорот ќе има опција за продолжување на уште една година во зависност од одиграните натпревари.