Матс Хумелс се сели од Дортмунд во Мајорка

Легендарниот германски дефанзивец нема да го продолжи
договорот со Борусија Дортмунд и ќе го напушти клубот како
слободен агент.
Медиумите шпекулираа дека Хумелс може да ја продолжи
кариерата во Италија, каде интерес за него покажуваше Рома и
Милан.
Меѓутоа, 35-годишниот стопер се одлучи кариерата да ја
продолжи во Шпанија и ќе потпише договор со Мајорка.
Хумелс одбил бројни попрофитабилни понуди, бидејќи парите не
му биле приоритет, туку сакал да остане во Европа каде ќе живее
со семејството.
Агентот потврди дека се е договорено, а платата на Хумелс за
една сезона ќе изнесува 3 милиони евра бруто.