Махичух и Ел Бакали со рекорди се вратија од митингот во Рабат
Украинската атлетичарка Јарослава Махучих со скок од 201 сантиметар победи на натпреварот во скок во височина на митингот од престижната Дијамантската лига во Рабат синоќа. Таа постави нов рекорд во ова натпреварување, а воедно и најдобар резултат сезонава во оваа дисциплина.
Најдобриот резултат досега во Рабат го имаше познатата хрватска рекордерка Бланка Влашиќ, која победи во 2011 година со скок од 197 см.
Најдобриот резултат на митингот во Рабат го постигна актуелниот светски шампион, олимписки победник и минатогодишен освојувач на Дијамантската лига на 3000 метри стиплчез, Мароканецот Суфиане Ел Бакали, кој делницата ја истрча за 7:56,68 минути. Со ова тој го подобри рекордот на митингот за 1,60 секунди, а воедно е и најубедливо најдобар резултат во оваа дисциплина во 2023 година.