Мајами пак го суспендира Џими Батлер
Кошаркарот на Мајаки Хит Џими Батлер одново доби суспензија на неопределено време.
Управата на Мајами и тренерот Ерик Сполстра сакаа да го вратат ветеранот во тимот, меѓутоа според најавите тој одбил да биде резерва против Орландо Меџик.
Наводно Батлер го напуштил тренингот откако увидел дека не е во првата петорка за мечот кој се одигра изминатата ноќ. По ваквото однесување челниците на франшизата ја обновија суспензијата на Џими Батлер и повторно на неопределено време. Тој пропушти девет од последните 12 натпревари на тимот, а со сите сили се обидува да избори трејд.
Периодот за размени во НБА лигата трае до шести февруари, меѓутоа засега нема добра опција која му одговара на Мајами за трејд на Батлер.