Мајкл Џордан го продава Шарлот Хорнетс
Легендарниот Мајкл Џордан одлучи да го продаде својот мнозински удел во НБА тимот Шарлот Хорнетс.
Според објавите во американските медиуми, Џордан веќе започнал преговори со групацијата која е предводена од малцинскиот сопственик на Шарлот, Гејб Плоткин, неговиот соработник од Атланта Хоукс, Рик Шнал.
Мајкл Џордан кој според многумина е најдобар кошаркар на сите времиња, е единствениот црнец кој е мнозински сопственик на тим од НБА лигата. Тој во 2010 година плати 275 милиони долари за управувачкиот пакет во Шарлот Хорнетс. Проценките се дека моменталната вредност на оваа НБА франшиза изнесува 1,7 милијарди долари.