Мајкл Џордан најплатен спортист на сите времиња, само двајца фудбалери во топ 10
Веб порталот Спортико, кој е специјализиран за теми од спортот и бизнисот, објави ранг листа на најплатените спортисти на сите времиња.
Рангирањето го извршиле врз основа на добиените плати, наградните фондови, рекламните договори, исплатени бонуси и слични приходи.
Порталот ги пресметал само приходите од периодот кога спортистите имале активна играчка кариера и завршува на 1 јуни 2021 година.
Топ 10
1. Мајкл Џордан (кошарка) – 2,62 милијарди долари
2. Тајгер Вудс (голф) – 2,1 милијарди долари
3. Арнолд Палмер (голф) – 1,5 милијарди долари
4. Џек Никлаус (голф) – 1,38 милијарди долари
5. Кристијано Роналдо (фудбал) – 1,24 милијарди долари
6. Флојд Мејведер (бокс) – 1,2 милијарди долари
7. Леброн Џејмс (кошарка) – 1,17 милијарди долари
8. Лионел Меси (фудбал) – 1,14 милијарди долари
9. Михаел Шумахер (формула 1) – 1,13 милијарди долари
10. Роџер Федерер (тенис) – 1,12 милијарди долари