Мајк Браун од Сакраменто е тренер на сезоната во НБА лигата

НБА лигата за тренер на годината го прогласи предводникот на Сакраменто, Мајк Браун.
Две од трите досега доделени награди му припаднаа на некој од редовите на Сакраменто Кингс. Диерон Фокс е најдобар „клач“ играч, а сега неговиот „командант“ од клупата Мајк Браун е прогласен за најдобар тренер. Браун веќе доби признание за овогодинешните резултати, но од Здружението на тренери во НБА, додека ова е гласање на новинарите.
Инаку, ова не е првпат Браун да добива награда. Првиот пат беше во 2009 година на клупата на Кливленд Кавалирс во првиот мандат на Леброн.