Мајк Ешли го продаде Њукасл на саудиски конзорциум
Aнглиската Премиер лига потврди дека Њукасл има нови сопственици.
Саудискиот конзорциум го купи тимот на Сент Џејмс Парк од Мајк Ешли после долгите преговори и сега Њукасл е еден од најбогатите клубови во светот. Инвестициониот фонд од Саудиска Арабија ќе има 80% сопственост од акциите на клубот, а прв човек ќе биде принцот Мохамед Бин Салман.
„Горди сме што станавме нови сопственици на Њукасл, еден од најславнитe англиски клубови. Им, благодариме на навивачите за поддршката. Во наредните години ќе работиме заедно за да го подобриме тимот“, стои во соопштението.