Мајк Тајсон во топ-форма го чека мечот со јутјуберот Џејк Пол

Мајк Тајсон, познатиот боксер, со месеци се подготвува за борбата против Џејк Пол, познат јутјубер. Нивниот боксерски меч е закажан за 15 ноември во Тексас.

Борбата првично беше закажана за 20 јули, но беше одложена поради здравствените проблеми на Тајсон.

Судејќи по видеата од социјалните мрежи, Тајсон сега е во одлична форма, а едноставно е неверојатно како изгледа човекот на 58 години.

Познатиот боксер редовно објавува видеа од својот тренинг, а бројните фанови ширум светот се воодушевени од неговиот изглед и способности на таа возраст:

Во својата професионална кариера Тајсон имаше 58 натпревари и 50 победи со шест порази и две нерешени. Тој се смета за еден од најдобрите тешкаши во историјата на боксот.