Мајнц доведе дански тренер, Бо Свенсон ќе го спасува клубот од испаѓање

Поранешниот дански репрезентативец, Бо Свенсон, го презеде кормилото на фудбалскиот состав Мајнц кој има само една победа во 14 кола и се наоѓа на претпоследното место во Бундес-лигата. 41-годишниот стратег во еден период од кариерата (2007-2014 година) играше токму за германскито состав. Интересно е тоа што Свенсон е четвртиот тренер во клубот од почетокот на сезоната. Прв беше Ахим Бајерлорцер потоа Јан-Мориц Лихте додека на неделниот меч со Баерн Минхен на клупата седеше Јан Сиверт. Новиот тренер на Мајнц ќе дебитира в сабота на домашен терен на мечот со Ајнтрахт Франкфурт.